Македонија

„Кожувчанка“ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Водата во Гостивар ја даваме по 12.5денари, разликата во цената ја преземаме на свој товар

Гест на солидарност и општествена одговорност

Компанијата „Кожувчанка“ преку соопштение ги отфрли, како што наведува, обвинувањата на СДСМ поврзани со набавката на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар.

Од компанијата посочуваат дека учествувале на јавниот повик на владините служби и доставиле понуда од 12,5 денари по шише, што, како што велат, е значително пониско од редовната продажна цена од 25 денари.

„Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија“, наведуваат од „Кожувчанка“.

Во соопштението се додава дека компанијата ќе го обезбеди и бесплатниот транспорт на водата до Општина Гостивар, со цел таа навремено да им биде доставена на граѓаните.

Од „Кожувчанка“ нагласуваат дека во вакви околности најважна е солидарноста, а не профитот, додавајќи дека и во иднина ќе продолжат да помагаат таму каде што поддршката е најпотребна.

Најнови вести од: Македонија

Шефот му рекол на работникот „Циган“, овој му возвратил со „Шиптар“ – случајот заврши во Комисијата за антидискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф Албанец кон работник од ромска националност.

To top