Македонија

Скопјани летово ќе мора да „пливаат на суво“

Базенот СЦ „Борис Трајковски“ е затворен по штетите од невремето

Решетки пред влезот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“, пливачите се оставени на суво после големото невреме кое го зафати Скопје на 21ви јули. Орканските ветрови го откорнаa кровот на базенот.

Надлежните велат дека катанците ќе останат на вратите помеѓу една и две години – ќе следува целосна реконструкција за што било потребно подолго време.

„Базенот има навистина трајни оштетувања коишто ги бележи би рекол од дамнешни времиња коишто се провлекувале досега, но ова невреме коешто се случи пред десетина дена во Скопје, навистина направи голема штета којашто во овој момент прво е ненадоместлива а второ навистина бара малку поголем зафат што значи реконструкција. Она коешто во овој момент го подготвуваме веќе е проект кој ќе опфати целосна реконструкција на базенот. Зборуваме од машинската соба, па се до кровот горе што значи дека практично би добиле еден нов базен“, изјави Данијел Апостоловски, директор на СЦ „Борис Трајковски“.

Реконструкцијата би требало да започне во октомври или ноември, а сериозната инвестиција ќе се реализира во соработка со Владата за што веќе се водат разговори.

„Ова е еден процес којшто е неминовен и мора да се случи се со во интерес на тоа да добиеме објект којшто во наредните години нема да се соочува со вакви проблеми. За жал ова се случува во лето ете би рекол кога можеби граѓаните најмногу и го посетуваат овој базен но сметам дека безбедноста е нешто коешто не треба да се стави под знак прашалник и од таа причина постапуваме вака“,

Базенот во „Борис Трајковски“ е изграден во 1978 година, прв пат е извршена поголема реконструкција во 2010 каде што се работело на покривот, плочките и внатрешноста на базенот.

Скопјани веќе четврта година се и без аква парк, тој останува затворен поради сериозни безбедносни ризици – истечени се гаранциите за издржливост на тобоганите и останатите реквизити. Надлежните велат дека се прават напори следната сезона повторно да ги отвори портите за посетители.

„Во изминатиот период направивме една анализа на целиот објект којшто ни кажува дека навистина има трајни и големи оштетувања коишто се обидовме да стигнеме оваа година да ги санираме меѓутоа е невозможно бидејќи навистина е од голем обем работата којашто треба да се преземе. Ние веќе од ова лето започнавме со подготовки за наредното што значи дека правиме сервиси на тобоганите и на сите реквизити коишто ги имаме внатре меѓутоа има уште одредени процедури коишто треба да ги поминеме за да бидеме целосно подготвени“

Аква паркот е отворен во 2013 година а проектот вредел 4,2 милиони евра и е составен дел на СЦ „Борис Трајковски“. Располага со 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови.

Најнови вести од: Македонија

Се смирува состојбата во Гостивар: Клековски најави резултати од анализите до 20 август

Епидемиолошката состојба се стабилизира, бројот на нови пациенти се намалува, но официјален крај на епидемијата ќе има дури откако ќе се исклучи поврзаноста со водата за пиење

Шефот му рекол на работникот „Циган“, овој му возвратил со „Шиптар“ – случајот заврши во Комисијата за антидискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф Албанец кон работник од ромска националност.

To top