Македонија

Редовно одржување на фонтаните во Карпош

Подготовка за целата сезона

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.

Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад Делфина во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом Гоце Делчев.

Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата.

Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност.

Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top