Хроника

Кумановка бара заштита и помош од институциите од таткото алкохоличар

Мажот ѝ се заканил со убиство на сопругата, мајка на девојката, и е згрижен во болницата во Куманово, но утре ќе го пуштат дома

Девојка од Куманово во видео порака на Инстаграм бара институциите да ѝ помогнат да биде хоспитализиран нејзиниот татко со дијагноза дека е алкохоличар.

Тој вчера бил пријавен во полиција за закана со убиство кон мајката на девојката и негова сопруга, но таа држела в раце тавче со врело масло од пржење јајца и така се одбранила. Од полицијата насилникот бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница, кадешто и сега се наоѓа, но утро ќе излезе.

„По 48h часа тој ќе биде пуштен дома утре, а ние не сме на безбедно. Само сакаме да бидеме слушнати и да помогнеме вакви личности, кои не се свесни дека имаат сериозни проблеми, а во исто време сериозно наштетуваат на свои блиски, да бидат сместени во соодветни институции и сите да бидат на безбедно“, вели девојката во видео на Инстаграм.

Од болницата во Куманово се јавиле во Психијатриската болница во Бардовци, за кадешто таткото има упат, но од таму им кажале дека нема место бидејќи се реновира оддел. Според сопругата, ни во болницата во Демир Хисар немало да го примат човекот на лекување.

„Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи за негово расчистување. По консултација со Основно јавно обвинителство и со други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово“, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top