Македонија

Цели 90% скок на приходите од продажбата на запленети возила и недвижнини во Агенција за одземен имот

Агенција за управување со одземен имот

Мерцедес, Ланд ровер, Ауди А6 – се дел од заплентите автомобили кои Агенцијата за одземен имот ги отстапила на државните институции за користење. За да не пропаднат и скапаат во складиштата, сега ќе се возат со црвени таблички. Не се само тие. Продадени биле и други 30 возила за околу 130 илјади евра, со што приходите пораснале за 90 отсто во 2025 година во споредба со 2024. Лани биле наплатени околу 2,62 милиони евра, додека во 2024 година изнесувале околу 1,4 милиони евра, покажува годишниот извештај на Агенцијата. Уште 384 хаварисани возила биле продадени како старо железо за околу 61.000 евра.

„Во 2025 година АУОИ, што се однесува до остварени приходи, реализирала и наплатила 100% повеќе приходи во однос на 2024 година. Во 2025 година, АУОИ имала два пати поголем број на отстапени возила и отстапена разна стока на државни институции и два пати повеќе конфискувани недвижности“ стои во Годишниот извештај на Агенцијата за управување со одземен имот за 2025 година.
Во депоата ,за 12 месеци лани, завршиле 126 возила што ќе се чуваат додека не завршат судските процеси во кои се одземени.

..„примени се на чување и понатамошно управување вкупно 126 патнички моторни возила меѓу кои: автомобили, комби возила, теренски возила / товарни возила, мотори / мотоцикли, трактори, запрежни коли и приколки..“ стои во Годишниот извештај на Агенцијата за управување со одземен имот за 2025 година.
Минатата година биле продадени пет недвижности, една во Охрид, една во Чаир, две во Кисела Вода и една во катастарската општина Богородица. Од продажбите биле собрани околу 1,25 милиони евра.

„Правосилните пресуди во делот на конфискацијата на противправно стекнатата имотна корист како принос од кривично дело, Агенцијата за управување со одземен имот во периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година изврши наплата на противправно стекната имотна корист во износ од 25.580.748,00 денари, кои средства согласно закон се уплатени во Буџет на Македонија“ стои во Извештајот.
Од парите добиени со продажбата на недвижностите, околу 1,16 милиони евра биле префрлени во државниот буџет, а приближно 87.000 евра останале на посебната сметка на Агенцијата. Според распределбата, 93 отсто од приходите од продажба одат во Буџетот, а седум отсто остануваат како сопствен приход на Агенцијата.

Најнови вести од: Македонија

Демографијата тоне – аларм за намалениот наталитет во Македонија

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади.

МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство.

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра, кој e сега 51,7% од БДП

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на денешната прес-конференција.

“Samsung” официјално ја започнува продажбата на Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8, Flip8, Watch Ultra2 и Watch9

Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување, надополнета со новите Galaxy Watch уреди создадени за подлабински здравствени увиди

To top