Војната со Стоиљковиќ СДСМ ја крена на сосема ново ниво откако денеска во објавата за министерот е објавена фотографија во црно бела техника која симболизира умреница односно асоцира на смрт.
Оваа фотографија во оргинал е во боја но пропагандата на СДСМ во обид да ги промовораат своите морбидни пораки ја направиле црно бела.
Во конфузната објава на СДСМ се вели дека. Стоилковиќ навредува – криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ” а потоа без никаква логика се прави паралела со Србија каде политичката ситуација нема врска со Македонија.
Текстот на објавата на СДСМ нема речиси никаква врска со Стоиљковиќ што укажува дека на Бихаќка сакале по секоја цена да го прикажат министерот на црно-бела слика за да изгледа како умрен.
,,Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта – ти си против државата.
Сега истата матрица се пресликува во Македонија”, пишува СДСМ меѓу другото во збунувачкото соопштението кое содржи морбидна слика.