Македонија

Прекрасна вест од Кочани, градот кој уште долго ќе се опоравува од трагедијата

Ретко убава вест по големата кочанска и македонска трагедија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во изминатите 48 часа, на Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската општа болница се породиле 7 мајки.

Тие на свет донеле 4 машки и 3 женски бебиња кои што се во добра здравствена состојба.

Од Општата болница во Кочани велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани.

,,Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат-четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе има што повеќе породувања”, вели директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top