Хроника

Во затворот „Идризово“ откриени 32 пакувања марихуана во пратка за затвореник!

Во затворот „Идризово“ била пронајдена марихуана во пратка наменета за осуденик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 9 август во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ дека околу 11 часот, при претрес на пратка за 48-годишниот О.М. од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана.

Полициски службеници ја подигнале пронајдената дрога за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Повеќе случаи на семејно насилство изминатите 24 часа низ државата: Тепани сопруги, ќерки и родители

Во изминатите денови во Скопје, Велес, Битола, Тетово и Кичево биле пријавени повеќе случаи на семејно насилство, при што биле пријавени физички напади и закани меѓу членови на семејства.

To top