Македонија

Пред 34 години, независна Македонија доби химна и знаме

Со усвојувањето на знамето и химната, независна Македонија ги заокружи основните државни симболи во периодот по прогласувањето на независноста во 1991 година

На денешен ден во 1992 година, Собранието на Република Македонија, на денешен ден во 1992 година, донесе одлука со која беа усвоени химната на државата „Денес над Македонија“ како и државно знаме на независна Македонија.

На седница  беше потврдена и химната „Денес над Македонија“, која и претходно имала значајно место во македонската културна и историска традиција. Автор на текстот е Владо Малески, додека музиката е на Тодор Скаловски.

Со усвојувањето на знамето и химната, независна Македонија ги заокружи основните државни симболи во периодот по прогласувањето на независноста во 1991 година. Тие станаа препознатливи обележја на државата и дел од нејзиниот институционален и национален идентитет.

Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.[1][2]

Со собраниската одлука беше утврдено знаме со црвена основа и златно-жолто сонце, составено од осум основни и осум споредни сончеви зраци.

Овој симбол беше официјалното државно знаме на Република Македонија до октомври 1995 година.

По политичките случувања и меѓународните реакции поврзани со изгледот на знамето, на 5 октомври 1995 година беше усвоено ново решение. Црвената основа и златно-жолтото сонце останаа, но дизајнот беше изменет така што сонцето има осум зраци кои се протегаат до рабовите на знамето. Новото знаме и денес е државен симбол на Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

To top