Над Македонија затемнувањето ќе почне околу 19:30 часот и ќе трае се до 19:36 минути, кога Месечината ќе покрие околу 12 отсто од Сонцето, а ќе заврши во 19:39 минути.
Бидејќи Сонцето во тој период ќе биде исклучително ниско, најважно е да го следите од место каде нема виоки згради, ридови или дрвја кои би го попречиле погледот кон запад.
Како дополнителен бонус за астро-ентузијастите, истата оваа ноќ го достигнува својот пик и познатиот метеорски дожд Персеиди. Иако двата настани се чиста календарска случајност и немаат поврзаност, тие нудат одлична причина денот да заврши со поглед кон ѕвездите.
Добрата вест за оние кои ќе го прошуштат небескиот спектакл е што следната прилика за Европа нема да се чека со децении, веќе на 2 август 2027 година следи ново целосно затемнување кое повторно ќе помине преку Шпанија и Северна Африка, а од Македонија повторно ќе може да се следи делумна фаза.
Целосното затемнување најмногу ќе се забележи низ северна Шпанија, каде што денот на минута-две ќе се претвори во ноќ, а Сонцето целосно ќе ги скрие своите зраци зад Месечината. За Шпанците ова е прво целосно затемнување по повеќе од еден век.
Останатиот дел од Европа, во зависност од тоа колку е поблиску до Шпанија, ќе види одреден дел на покриеност. Во Франција сонцето ќе биде речиси покриено, додека пак делумно покривање ќе се гледа од Балканот.
Експерти препорачуваат затемнувањето да не се глега со „голо око“…
Денека се очекува да се случат низа ретки астрономски феномени кои, во период од само 24 часа, ќе вклучуваат видливост на шест планети од Сончевиот систем Сатурн, кој ќе биде високо на небото, Марс, препознатлив по својата црвеникава боја, и Меркур и Јупитер, многу ниско на источниот хоризонт непосредно пред зори, ќе бидат видливи со голо око. За да се забележат Уран и Нептун, ќе биде потребен двоглед или мал телескоп, заедно со употреба на астрономски карти или мобилни апликации).
Сепак, главниот настан е делумното затемнување на сонцето во доцните попладневни часови и максимум од редовниот метеорскиот дожд Персеиди во ноќта од 12 кон 13 август.