Хроника

Групна тепачка во Кисела Вода, откако било нападнато девојче

Синоќа во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода се случила групна тепачка меѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје.

Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти СВР Скопје.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top