Хроника

С.В. (68) од Беровци, Прилепско, пронајден вчера мртов на нива со прострелна рана во градите од ловечка пушка

Маж (68)од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото. Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт.

Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со испалена чаура во цевката. На местото бил извршен увид од надлежните екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите за смртта.

Најнови вести од: Хроника

Повеќе случаи на семејно насилство изминатите 24 часа низ државата: Тепани сопруги, ќерки и родители

Во изминатите денови во Скопје, Велес, Битола, Тетово и Кичево биле пријавени повеќе случаи на семејно насилство, при што биле пријавени физички напади и закани меѓу членови на семејства.

To top