Македонија

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

„Со изборот да донирате, вашата приказна не завршува со вас, туку продолжува да живее низ некој друг. А кога веќе ќе нè нема, не можеме со нас да ги понесеме отчукувањата на срцето, но можеме да ги оставиме да донесат радост и љубов во нечиј друг живот“, истакна пејачката во видео споделено на социјалните мрежи со што се вклучи во популаризирање на органодарителството како највисок хуман чин.

Пејачката нагласи дека еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева.

Таа во видеото зборуваше и за симболиката на органодарителството – можноста дел од еден живот да продолжи преку друг човек.

„Со изборот да донирате, вашата приказна не завршува со вас, туку продолжува да живее низ некој друг. А кога веќе ќе нè нема, не можеме со нас да ги понесеме отчукувањата на срцето, но можеме да ги оставиме да донесат радост и љубов во нечиј друг живот“, истакна пејачката.

На крајот, Каролина упати директен повик за подигнување на свеста за дарувањето органи и за луѓето и семејствата кои ја чекаат својата шанса. „Затоа, биди причината што нечие срце продолжува да чука. Биди чудото за кое толку многу семејства сонуваат. Биди херој, спаси живот“, порача Гочева.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

To top