Македонија

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

Ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДСМ е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија, вели министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител.

Тој нагласи дека мора да постои одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника.

Потсети дека во изминатиот период опозицијата повеќепати создавала хистерија со тврдења дека нема да има плати и пензии, дека ќе има мигранти и дека надворешната политика не функционира.

Тој посочи дека е потребен политички консензус за клучните прашања, но и одговорност кога со дезинформации се нарушува довербата во институциите.

„ Треба да има одговорност за сите што шират паника и максимални казни доколку се докаже таквото постапување. Само така државата ќе функционира. Тоа не е обврска само на извршната власт, туку и на функционално и ефикасно правосудство кое треба да обезбедува правда’, најави минстерот.

Преку ширење хистерија и лажни вести се губи довербата во системот, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top