Македонија

ДУИ и круната на Ахмети

ДУИ не се откажува од Ахмети

Пратеникот на ДУИ Арбер Адеми објави фотографија од лидерот на партијата Али Ахмети, придружена со порака на албански јазик во која му дава силна поддршка.

„Вистинската промена го носи печатот на едно име: Али Ахмети“, напиша Адеми. Кон пораката додаде емотикон со круна и иницијалите „АА“.

На фотографијата Ахмети е снимен во автомобил додека разговара на телефон. Објавата доаѓа во период на засилена политичка реторика меѓу ДУИ и албанските партии што се дел од власта.

Ова е уште една јавна потврда на лојалноста кон Ахмети, кој со децении ја предводи ДУИ. Партијата и натаму го позиционира својот лидер како централна фигура, и покрај критиките дека долгогодишното водство придонесува за стагнација и недостаток на внатрешна обнова.

Објавата на Адеми повторно го става акцентот на личноста на Ахмети, во момент кога меѓу албанските политички фактори се водат остри препукувања за легитимитет и политички правец.

ДУИ во последните години се соочува со сериозни обвинувања за корупција, клиентелизам и губење на поддршката кај дел од албанското гласачко тело, што дополнително ја истакнува потребата од реална обнова наместо повторување на старите наративи за неопходноста од еден лидер.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top