Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Седум години животот на 33-годишниот Дарко Најдески од Охрид зависи од две механички пумпи, струја и батерии. Денес е хоспитализиран, неговото срце повеќе не може да издржи. Во 2019 година, кога во земјава сè уште не се вршеа трансплантации на срце, првата механичката циркулаторна поддршка, била единствената можност да му се спаси животот. Пумпите требало да бидат само мост до трансплантацијата, но седум години подоцна, Дарко сè уште чека ново срце.

  • „Состојбата е повеќе од итна. Доаѓа до попуштање на неговото природно срце, не на апаратите. Апаратите си ја вршат својата функција, меѓутоа неговото срце повеќе не може да издржи. Станува збор за комплицирана ситуација во којашто доаѓаат други компликации од долгото носење на ваквите помагала, коишто се само мост до трансплантација во нашиот случај. Токму затоа е потребна итна трансплантација на срце, од починат донор, со цел да може мојот сопруг да живее.“, изјави Ирена Ралева Најдеска-сопруга на пациент со механичка пумпа.

Истата судбина ја дели и 41-годишниот Васко Јолески од Струга. Повеќе од шест години живее со механичка поддршка. За овие пациенти, времето е најголемиот непријател – колку подолго трае чекањето, толку се поголеми ризиците и компликациите.

  • „Да се обидеме да направиме веќе еднаш трансплантација на лице со механичка циркулаторна поддршка, бидејќи премногу долго чекаме како лица со механичка циркулаторна поддршка. А последиците се знаат. Сите други органи почнуваат да затајуваат, односно да се разболуваат, откако пумпите ќе почнат да откажуваат. Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам и до народот што повеќе да одлучува да донира органи кога ќе се најде во ситуација некој од нивните блиски да го изгуби животот и кога не може ништо друго да се направи.“, изјави Васко Јолески претседател на НЗ „Храбро срце“.

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со […]

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Најнови вести

To top