Македонија

Констатирана оставката на Татјана Димитровска

Против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог поврзан со случајот „Адитив“

Собранието денеска официјално ја потврди оставката на Татјана Димитровска од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, објави МИА

По утврдувањето на оставката, следен чекор е Комисијата за прашања на изборите и именувања да распише јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија, што треба да се стори најдоцна во рок од десет дена.

Оставката следува по иницијативата за нејзино разрешување поднесена од партијата Левица до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Само неколку дена подоцна, Димитровска доброволно се повлече од функцијата.

Инаку, против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог.

Таа се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година ѝ открила класифицирани информации на неповикано лице кое е обвинето во случајот „Адитив“.

Дополнително, ѝ се става на товар дека незаконски го добила и сертификатот за пристап до класифицирани информации.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top