Хроника

Откриени 85 стебла марихуана во домот на прилепчанец

И.Ѓ. (47) е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Полицијата во Прилеп приведе 47-годишен прилепчанец кај кого при претрес во домот биле пронајдени 85 стебла марихуана, дигитални ваги и повеќе пакувања со марихуана.

„Денеска околу 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претресот во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис, како и повеќе различни пакувања со марихуана“, информираа од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top