Македонија

Македонија ќе отвори генерален конзулат во Корча

Исполнето барањето на Македонците во Албанија од 2013 година при посетата на тогашниот македонски претседател Иванов

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната 97. седница донесе одлука за отворање генерален конзулат на Република Македонија во албанскиот град Корча со јурисдикција во целиот регион.

Со тоа ќе биде исполнето барањето од претставници на Македонците во Албанија упатено уште во 2013 година на средбата во Поградец со тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

„Од посебно значење е во Корча да има македонски конзулат, зашто е административен град на Префектурата Корча која опфаќа население од околу 220.000 жители и четири поголеми градови Корча, Поградец, Билишта и Ерсека. Под Корча спаѓаат и Мала Преспа, и селото Врбник во Деволската област, и повеќе други села населени со Македонци на границата со Македонија. Овој конзулат ќе одржува поблиски контакти со македонското население во овој регион, кое е под удар на грчката и на бугарската пропаганда“, изјави тогаш Васил Стерјовски, денес претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и прв Македонец пратеник во Парламентот на Албанија.

Конзулатот во Корча треба да ја има неопходната администрација на чело со конзул кој ќе има ингеренции исто како амбасадата, со што Македонците од Албанија нема да мораат да патуваат до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, објасни тогаш Стерјовски.

Одлуката доаѓа само два дена по посетата на Пустец од владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, која присуствуваше на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top