Македонија

Ангелов: Дејствуваат три „воздушни трактори“, заштитивме неколку манастири, сѐ уште е активен пожарот кај Чаниште, но не загрозува некое село

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, преку видеоизјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова, или некое друго село.

– Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште ниту, пак, загрозува друго село затоа што пред селото Крушевица, кое е наредното село зад мене, е поставена добра одбрана и не очекувам дека воопшто огнот ќе стигне до ова село, но и во случај доколку дојде, тој ќе биде сопрен затоа што во текот на ноќта го пресековме неколкупати. Во овој момент нема активен крак што се движи кон селото Крушевица, што не значи дека состојбата нема да се смени – вели директорот на ДЗС.

Тој посочува дека во битолското село Орле има еден крак со кој се борат битолските пожарникари и ангажиран е тежок булдожер, кој прави противпожарен пресек. – Од оваа страна, од страната на Чаниште и Крушевица, работат прилепските пожарникари со поддршка на специјалните тимови на Дирекцијата – огнените тимови со четири „пинцгауери“, како и повеќе тимови на Дирекцијата составени од доброволни пожарникари од Битола, Кочани и Виница, кои исто така дадоа извонредни резултати. Повеќето од краците се испресечени.Линијата беше можеби повеќе од 20 километри, но е сега прекината. Нема непрекината линија на горење. Голема работа ни заврши полицискиот хеликоптер, кој помогна да изгаснеме дел од сртот на кој не успеавме да поминеме со „пинцгауерите“, така што генерално состојбата е стабилна, што не значи дека не може да се влоши во кој било момент – нагласи тој.

Ангелов посочи дека Дирекцијата има контрола од аспект на загрозеност на населените места. – Одбранивме неколку манастири, неколку трла, еден пчеларник, но не успеваме насекаде да стасаме. Во селото зад мене не е изгорена ниедна куќа во која живеат луѓе. Огнот зафати повеќе стари и напуштени куќи, можеби пред 50 или пред 30 години. Проверуваме дали е изгорена куќа што некој ја користел повремено, во смисла викендичка. Но, дополнително ќе ги добиеме тие информации. Овде беше и градоначалникот на општина Прилеп. Доколку на локалното население му е потребна поддршка, Општината стои на располагање. Воедно, Општината дава логистика на сите сили што учествуваат во гаснењето на овој пожар – вели тој.

Ангелов информира дека трите „воздушни трактори“ на Дирекцијата дејствуваат и верува дека ќе прекинат една линија на огнот. Посочи дека гаснењето на пожарот продолжува и во текот на утрешниот ден со примарна цел целосна одбрана на сите населени места. Апелира сопствениците на куќи и викендички во полунапуштените села задржително да ги изораат или ископаат дворовите за да создадат земјен заштитен појас без вегетација бидејќи земјата не гори. 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

Муцунски: Подготвени сме да ги спроведуваме реформите, но бараме нашиот напредок да се вреднува според резултатите, заслугите и европските критериуми

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка. Во средиштето на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на заемните односи и потврдувањето на постојаната чешка поддршка за европската интеграција на Македонија.

To top