Македонија

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните.

„Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада“, рече Мицкоски, повторувајќи ја и споредбата „три спрема еден“ во однос на, како што наведе, резултатите на сегашната и претходната влада.

Сепак, тој порача дека ако, опозицијата смета дека треба да има предвремени избори, власта е подготвена да се соочи со таков предизвик.

„Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните да бидеме Влада четири години. Но, доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и, се разбира, дека ќе ги победиме“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top