Бизнис

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска оцени дека Буџетот не е во лоша кондиција и оти наплатата на даноците се одвива согласно проекциите.

  • Не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема за се, исто како и дома. Никогаш буџетот на Македонија немал простор за се, не е ова првпат. Можеби јас како министер сега сум порестриктивна, не сакам да се трошат пари непродуктивно затоа што по короната бевме сведоци на тоа дека пари се трошеа многу непродуктивно – одговори Димитриеска – Кочоска на новинарско прашање.

Таа додаде дека сега само потранспарентно се зборува за работите за кои претходно некои не сакале да зборуваат. Во рамки на се што е возможно и расположливо, потенцираше, правиме максимум, „а последниот податок за инфлацијата јасно покажува дека тоа што ни беше цел го постигнавме“. Прашана за очекувањата за инфлацијата до крајот на годината посочи дека очекува да биде во границите од претходниот месец.

  • Кога работите во услови на јавен долг кој цело време се движи под 60%, ние не го зголемуваме, како секоја претходна влада. Многу е тешко да ги менаџирате сите работи за да ја издржите психолошката граница. И во такви услови многу е подобро да проектирате малку попесимистичко сценарио и секогаш да се радувате дека ќе биде подобро од тоа што сте го проектирале затоа што немаме комоција. Друго е да имавме сега, денес, 50 или 55% јавен долг во однос на БДП, па сега уште 5% да имаме простор да си правиме математика. Ние немаме и поради таа причина малку одиме со попесимистичко сценарио иако проекциите на ММФ и на Светската банка се под нашите за инфлацијата до крајот на годината. Верувам дека ова што го добивме последниот месец ќе остане горе долу во тие граници – рече министерката за финансии.

Засега нема планови за намалување на ДДВ-то кај горивата, но министерката не исклучува дека таква мерка би можела да се донесе во иднина. За зголемената проекција за инфлација од 2,5% на 4,5% вели дека е песимистичка, но очекувањата се дека таа ќе биде пониска од планираното.

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Најнови вести

To top