Хроника

Холанѓанец прв странец уапсен на Табановце за безобѕирно возење

Државјанинот на Холандија управувал „порше“ со 168 км/ч на место кадешто максималната дозволена брзина е 80 км/ч

Холандски државјанин е првиот странец лишен од слобода на граничниот премин Табановце за безобѕирно управување моторно возило регистрирано со камерите на „Бебеден град“ на третиот ден откако профункционира наплатата на казните на границата со Србија за сообраќајни прекршоци направени од странски граѓани од 1 февруари наваму.

„Денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на граничниот премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило ‘порше’, со холандски национални ознаки, управувано од М.А. (35), државјанин на Холандија.

При извршената проверка, преку системот ‘Safe City’ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

Кривична пријава против двајца и фирма од Велешта, бидејќи незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

To top