Хроника

Од 2 февруари до 20 август 2026 „Безбеден град“ забележал 301.835 прекршоци, 180.378 се од странски возила!

Според податоците на МВР, најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. 

Значителен е и бројот на прекршоци направени со возила со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на системот се евидентирани вкупно 180.378 прекршоци од странски возила.

Само во периодот од 19 до 20 август, кога започна примената на механизмот за постапување со странските возачи, регистрирани се дополнителни 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски таблички.

Од МВР упатуваат повик до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top