Македонија

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје.

Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на преостанатите оштетени делови ќе продолжи следната недела.

Скопскиот градоначалник информираше дека со засилена динамика се работи и на обновувањето на подната фонтана.

-Наскоро, целиот овој простор повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје. Се грижиме за секој простор и за секој детал, затоа што центарот на главниот град мора да биде неговото најубаво лице. Нашето Скопје заслужува, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Српски туристи се налутија и сега скапо си го плаќаат инаетот: Заглавија на границата со Бугарија оти не сакаат да плаќаат казни

Српски возач во Македонија, македонски возач во Србија или кој било странец во Бугарија мора да ги почитува прописите на државата низ која вози. Регистарската табличка не е дипломатски пасош, анализира Плус инфо

To top