Македонија

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Општината ќе губи најмалку околу пола милион евра

Безредие на струшкото крајбрежје – фирми без концесии десет години остваруваат милионски приходи од користење на плажите, договорите за стопанисување им се истечени во 2016-та. Безмалку на секоја слободна површина се изградени објекти од тврда градба, а никој до сега не ги санкционирал. Пошироката јавност притиска да се стави крај на нелегалната масовна урбанизација, оти владее невиден хаос.

“Граѓаните треба да знаат дека сега плажите работат на диво и тие плажи сега засега не плаќаат ниеден денар на Општина Струга. Затоа јас, како градоначалник, предлагавда се донесе одлука за тие плажи да се менаџираат истите да плаќаат на општината, за да можеме на некаков начин да собериме. Во овој дел, значи, општината ќе губи најмалку околу пола милион евра”, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга

Струшкиот градоначалник од март инсистира да се изготви законско решение за уредување на крајбрежјето .Целта е вели да се најде најадекватно решение со кое ќе се стави крај на узурпацијата и приграбувањето на секоја слободна површина.

“Јас како градоналаник предложив за урбана опрема што не ги опфаќа објектите што се во процедура за рушење и така натаму. Овие објекти, сигурно, се бара, закон за плажите, по кој основ, веќе ќе се знае што ќе правиме со тие објекти понатаму. Значи во моментот се предлагашесамо одлука за третирање на плажите со основна урбана опрема за да се менаџираат овие плажи“, вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Ние не можеме дополнително да го комплицираме проблемот со тоа што ќе издадеме локации на кои што веќе има поставена урбана опрема,дециден е претседателот на гратскиот струшки Совет.

Ќе ги наруши меѓучовечките односи и некакви други ситуации кои што нема да ни помогнат. Една е финансиската бенефит кој што би имале, но без помош од државата и без помош и консултации и заедничка делување, ние знаеме дека ваков еден сложен проблем кој се напластилвеќе деценија и пол, не може да биде решен со некое палијативно решение, само колку да се приберат приходи.”, вели Мите Стефоски,претседател на Совет на општина Струга

За Ќура, нелогично е барањето на еколозите да се срамнат со земја сите објекти кои никнаа на плажите, оти концесионерите кои со години стопанисуваат на диво, вложиле и по 300.000 евра иакокрајбрежјето не е приватен имот. Согласно законот за градежно земјиште и другите законски прописи, плажите се во надлежност на локалните самоуправи на Охрид и Струга.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

To top