Македонија

Не случајно славните илинденци борбата за слобода ја започнале на денот на светиот пророк Илија

Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода, се вели во Посланието на Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан

Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни.

Нашата Македонија, пак, продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И понатаму, за жал, светот го раководат лагата, користољубието и желбата да се завладее туѓото врз принципот на посилниот.

Затоа, во ова и вакво време, секој вистински богољубец и човекољубец треба да биде миротворец, треба да биде пример во доброто! Без такви личности постои опасност светот да постане место без надеж и иднина! Затоа верата, подвигот и љубовта на пророкот Илија, но и на сите светии и угодници Божји, треба да бидат пример за следба!“, вели во Илинденското послание Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан.

Во Посланието, обраќајќи се на возљубените потомци на славните илинденци“, тој го цитира великиот“ пирински војвода, Јане Сандански, кој рекол: Да живееш, значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство“ и додава дека овие негови зборови ја разоткриваат смислата на постоењето!

Тие сведочат за потребата човекот како личност, но и секој народ, да се бори за својата слобода! Па оној којшто нема слобода не може да се пројави во времето на овој свет, а и не може да принесе плод од своето постоење и пред историјата и пред Творецот. Затоа славните илинденци ја започнале својата борба, иако биле свесни за неповолната историска реалност, како и за присутното неединство и честите предавства. Копнежот по слободата ги храбрел да се кренат против силната Османлиска империја, но и да покажат дека постојат и дека за народот кому тие му припаѓаат треба да има место под сонцето. И со тој подвиг покажале дека Македонците и Македонија не се умртвени ниту по многувековното ропство, и дека се желни за слобода. Тој нивни обид, кога требаше, на следните поколенија им овозможи да ја продолжат борбата на илинденците и, конечно, да дојдат до слобода!“ вели г. г. Стефан.

Според него, не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода. Првиот Илинден, од 1903-тата, вели Архиепископот, бил само зачеток, бил семе за вториот Илинден, од 1941-та година, по кој, на дел од Македонија, ние Македонците се здобивме со своја држава“. Тој се осврнува и на третиот, Илинден, од 1991-та година, кога Сонцето над Македонија повторно изгреа и, како што вели, таа повторно се појави на светската историска сцена“ со тоа што стана независна и суверена држава, а Македонците отворено го прифатија предизвикот да го одбранат своето и да му засведочат на целиот свет дека се мудар, достоинствен, човекољубив и богољубив народ.

Секое поколение има свој предизвик и своја борба! Ние, нашево поколение Македонци, треба да покажеме дека можеме и умееме да бидеме способни да изградиме напредна и праведна заедница! А за тоа е потребно да застанеме против: неодговорноста, неединството, неморалноста и нељубовта помеѓу нас! Конечно, да разбереме дека само со чесност и со слога, на национален и на духовен план, можеме да очекуваме напредок и добробит за сите.

Светиот пророк Илија во својата духовна борба против непријателите на вистината немал војска, немал институции, немал земни богатства, но го имал најважното Го имал Бога и Неговата помош! Слично нему, и многу векови подоцна, апостолот Павле, кога во видение бил повикан да дојде во Македонија и да помогне, зад себе немал империја, немал организирана институција, но Го имал Господа Христа, Кого Го проповедал!

Затоа, возљубени, искрено да се молиме и мудро да ја чуваме придобивката од трите Илиндена, та Бог, Кој ги водел и пророкот Илија, и апостолот Павле и свети Климент Охридски и сите Негови светии, секогаш да ја закрилува нашата Света Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија, и да ја благословува нашата Татковина Македонија, но и сиот овој свет, а сите да нѐ чува од злото и да нѐ воведува во секое спасително и радосно дело! Амин!

Честит Илинден!“ порачува г.г. Стефан во завршниот збор од своето Послание до возљубените чеда на Мајката Македонска Црква“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија, вели Венко Филипче

Филипче нагласи дека ангажманот во партијата нема да зависи исклучиво од формалните функции, туку ќе се проширува, додавајќи дека СДСМ активно работи на отворање на партијата кон младите, граѓанските организации, видни интелектуалци и политички чинители, со кои заеднички ќе се градат политиките.

(Фото): Скопје како „Новoгодишна зимска бајка“ – магија во главниот град

На скопскиот плоштад „Македонија“, во присуство на жители на главниот град и граѓани од целата држава, вечерва свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што и официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ, за да ги скријат внатрешните проблеми

Нема вистина во пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во Македонија!“ – порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Трезорот работи – простор за паника нема, смирува Димитриеска-Кочоска

Последните денови јавноста е преплавена со најави дека државниот трезор ќе се затвори на 15 декември поради недостиг на приливи, што би значело стопирање на сите исплати, вклучувајќи пензии, социјални трансфери и К-15. Министерството за финансии и Владата категорично ги демантираат овие тврдења, нагласувајќи дека буџетот е ликвиден и дека нема простор за паника.

(Фото): Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се враќа и линијата за Келн

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела.

To top