Македонија

Од денеска забранет риболов на Мавровско Езеро

Забраната за рекреативен и секаков друг вид риболов стапува на сила денеска и ќе трае до 7 септември

 

Поради одржувањето на Светското првенство во риболов на Мавровското Езеро, риболовот е забранет, како и употребата на пловни средства.

Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ информира дека забраната за спортски, рекреативен и секаков друг вид риболов стапува на сила на 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството.

Одлуката е донесена со цел заштита на рибите пуштени специјално за натпреварот, што е официјален настан од највисок ранг во рамките на FIPSed.

Во истиот период, пловидбата и употребата на сите пловни возила во Мавровско Езеро е исто така забранета, односно соодветно ограничена.

Забраната не се однесува на пловилата на полицијата, службите за спасување и другите надлежни институции, кога нивната употреба е неопходна за безбедноста и организацијата на настанот.

Националниот парк ги известува спортските риболовци и другите корисници на езерото да ги почитуваат мерките во текот на наведениот период.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top