Регион

Приштина тврди дека постои шокантен план на БИА: Косово за 20 години да стане Кандахар

Шокантно тврдење на Косовските власти – Обвинението против Шехоли: Шпионажа и уцена за сметка на БИА

Специјалното обвинителство на Република Косово поднесе обвинение против Фатмир Шехоли за шпионажа и уцена. Според обвинението, Шехоли бил регрутиран од српската Агенција за безбедност и информирање (БИА) и дејствувал според наредбите на нејзини службеници до неговото апсење во октомври 2025 година.

На телефонот на обвинетиот пронајдена е фотографија со натпис „Top Secret 2“ која содржи текст на српски јазик. Според Обвинителството, станува збор за акционен план чија цел е Косово да се прикаже како радикализирана и екстремистичка држава, да се уништи западната поддршка и на крај да се овозможи враќање на Косово под српска јурисдикција.

Во документот, меѓу другото, се наведува:

„Откако ќе направиме договор со нашите оперативци во Космет, собирањето средства од исламските амбасади во Белград, најголемиот дел од овие пари ќе се инвестираат во изградба на џамии. Џамиите треба да се градат на видливи места како во близина на автопати, училишта, трговски центри, додека џамиите во големите села треба да се удвојат и утројат.“

Планот предвидува финансирање и проширување на џамии, особено на видливи локации и зголемување на нивниот број во поголемите села; проширување на исламски верски училишта (медреси) низ Косово; користење на мрежи од Косово, Северна Македонија, Босна и Санџак; регрутирање и ширење влијание преку лица видливи во спортот, медиумите, музиката и политиката; влијание врз албанските заедници на Запад со цел создавање поделби меѓу Албанците во Косово и дијаспората; создавање атмосфера во која луѓето ќе се чувствуваат како да живеат во „странска држава“, што ќе поттикне младите да заминат, а другите да се свртуваат кон исламот.

Документот наведува дека по 20 години Косово ќе личи на Кандахар, западните сили ќе го променат мислењето за Косово и ќе одлучат да го вратат под српска јурисдикција. Потоа, преку верски водачи, можности за вработување и поволни услови за миграција, ќе се поттикнува иселување на Албанците кон Турција, а не со директна сила. Во документот се тврди и дека „Serbia ka dritën jeshile nga shteti i Turqisë“.

Обвинителството смета дека содржината на овој документ, во комбинација со другите докази (комуникации, финансиски трансакции, материјали и друго), ја потврдува природата на контактите на Шехоли со структурите на БИА. Шехоли е обвинет и за уцена во врска со објавување компромитирачки материјали.

Случајот е во фаза на судска постапка. Обвинението се заснова на материјали обезбедени преку посебни истражни мерки, вклучувајќи следење и прислушување.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

Салвини: Италија нема да прифаќа мигранти, вратени од Германија!

Италија во догледна иднина нема да ги прифаќа мигрантите коишто Германија сака да ѝ ги врати и покрај новите правила на Европската унија, изјави во саботата италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

To top