Стандардниот бран на смена на туристите на крајот од август во комбинација со верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, кога е неработен ден во Македонија, создава услови за километарски колони возила на граничниот премин Богородица со Грција, па Србите се советуваат да го користат преминот Меџитлија кај Битола.
„При влегување во Македонија, наместо оптоварениот Евзони, вреди да се разгледа алтернативниот премин Ники (Меџитлија) во близина на Битола, кој е многу попрооден дури и во деновите со најголем метеж. Друга алтернатива за влез во Грција е преминот Дојран, идеален за оние што одат во регионот на Солун, Аспровалта и Ситонија“, пишува Б92.
„Покрај изборот на алтернатива, времето на поаѓање исто така игра клучна улога. Се препорачува да се избегнуваат поаѓања во раните утрински часови во петок и во сабота, кога притисокот на границите е најголем. Најдобро е да ја преминете границата доцна попладне или навечер“, се додава во написот.