Македонија

Почна гужвата на ГП „Богородица“

Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата

Продолжениот викенд се очекува да донесе значително зголемена фреквенција на патиштата и подолги задржувања на граничните премини меѓу Македонија и Грција, особено во петок и сабота, но долга колона автомобили е забележана и утрово на ГП „Богородица“, на излез од земјава.

Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата, објави порталот „Бизнис вести“

Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите.

Најголем наплив на возила во насока кон јужниот сосед се очекува во петок и сабота, кога голем број македонски граѓани ќе ги искористат неработните денови за патување кон грчкото крајбрежје. Дополнителен притисок врз сообраќајната мрежа ќе создаде и транзитот на странски туристи кои се враќаат или заминуваат на одмор.

Во недела се очекува обратен бран од Грција кон Македонија. Заради тоа, можни се подолги колони и задржувања на грчката страна од границата на влезот во земјава, како и подоцна на преминот Табановце кон Србија.

За избегнување на метежот на Богородица, на патниците им се препорачува користење на алтернативните премини Дојран – Дојрани за оние кои кон Солун, Аспровалта и регионот на Халкидики.

За дестинациите во западна Грција Јонско Море, Лефкада, Парга препорачливо е да се минува низ граничниот премин Меџитлија – Ники.

Пред поаѓање им се препорачува на возачите да ја проверат состојбата на граничните премини преку веб-камерите на ЈП Државни патишта и АМСМ, како и да ги прилагодат своите патувања надвор од пик-часовите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top