Од Стопанска банка информираат дека средствата ќе бидат достапни на сметките во текот на денот.
Пензионерите – клиенти на Банката ќе можат готовина да повлекуваат од банкоматите или да вршат плаќања во трговската мрежа, јавува порталот „Пари“.
Пензиите за август се веќе достапни, велат од Халк банка: „Од денес, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство“. Клиентите што дале согласност, парите можат да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Македонија, пренесоа медиуми
И од Алта банка АД Битола упатија соопштение до пензионерите дека денес средствата ќе бидат исплатени на нивните трансакциски сметки. И веднаш ќе бидат достапни за користење преку банкоматите, како и во експозитурите на Банката.