Македонија

Барањата на земјоделците се легитимни, премиерот рече дека Владата ќе направи се да им помогне

Премиерот оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

Премиерот Христијан Мицкоски, оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

  • Како влада ги поддржуваме земјоделците и нивните барања и тука нема никаква дилема. Затоа што тие се луѓето коишто нè хранат и во оваа година која што е исклучително предизвикувачка кога во неформални кругови се користи терминот, оваа година „треба да се преживее”, ценам дека барањата на земјоделците се легитимни и ние како влада преку механизмите коишто ни стојат на располагање ќе сториме сè што можеме за да помогнеме, што впрочем и го покажавме уште кога бевме избрани како влада, рече Мицкоски.

Тој исто така се осврна и на тоа што досега оваа влада го направила во насока на обезбедување подобри услови за земјоделците имајќи ја предвид катастрофалната состојба која ја остави минатата власт во овој сектор.

  • Ќе потсетам, нема добра реколта без исчистени канали за наводнување и без полни акумулации што беше случајот сега. Еве денеска добив информација дека во принцип водостојот на акумулациите и на реките е најнизок околу Голема Богородица, а нашите акумулации се некаде околу 60%. Значи завршува сезоната на наводнување, некаде околу 60% се полни. Ќе потсетам и дека на 23 јуни кога оваа влада беше избрана процентот во акумулациите беше 7. Тоа не беа акумулации, беа мочуришта. Таа е разликата од прилика што направивме ние за да имаме поголема реколта и што правиме ние за земјоделците – рече Мицкоски.

Тој потсети и на неисплатените плати во државните компании Национални шуми и во водостопанство како и за неисплатените субвенции од 2020 година.

  • Овие истите што ги уништија, буквално што ги доведоа на питачки стап земјоделците денеска без срам ги гледаме снимаат по некое рилче, страв им е да се соочат бидејќи можат да добијат непријатни прашања. Со камерата се снимаат и тоа го објавуваат и мислат дека на тој начин ќе добијат некаква поддршка, а притоа забораваат дека нивната репутација е нула, а кредибилитетот е негативен – забележа Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top