Македонија

Лосон: Стратешкото партнерство не е за прифаќање мигранти (ВИДЕО)

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите на одредени медиуми на СДСМ и ДУИ, дека со стратешкото партнерство меѓу неговата земја и Македонија се однесува на прифаќање мигранти во Македонија. Лосон го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада. „Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но […]

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите на одредени медиуми на СДСМ и ДУИ, дека со стратешкото партнерство меѓу неговата земја и Македонија се однесува на прифаќање мигранти во Македонија.

Лосон го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

„Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија.

Ова е широко партнертство, Има многу шпекулации во британските медиуми.

Овој договор предвидува соработка во сузбивањето со мигрантските групи овде и во регионот, соработка на полициите, споделување на доверливи информации. Суштината на договорот е економијата, објасни амбасадорот.

Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top