Хроника

Добил нож во стомак, откако ненамерно му го изгребал автомобилот на соседот

На расправијата ѝ претходела несреќна околност: „Реното“ во сопственост на прободениот 65-годишен маж, само тргнало по удолнина и удрило во паркираниот „Фолксваген“ на соседот, при што го изгребал

 

 

Во населба во Ниш 65-годишен маж бил избоден во стомакот по расправија за гребнатинка на автомобил на соседот.

Ранетиот маж бил однесен во болница околу 14 часот со тешки повреди, објавува N1 Srbija.

На расправијата ѝ претходела мала „несреќа“: Според сведоците, „Реното“ во сопственост на 65-годишникот само тргнало по удолнина и удрило во паркираниот „Фолксваген“ на соседот, при што го изгребал.

„Сопственикот на оштетениот „Фолксваген“ почнал да го вика сопственикот на „Реното“, извадил нож од својот автомобил и го прободел во стомакот“, изјавил еден од сведоците за агенцијата Бета.

Според сведоците, ранетиот маж успеал да го препаркира автомобилот и да влезе во зградата и покрај повредата. Напаѓачот го следел со нож во рака. Потоа му пресекол гума и удирал со ножот по каросеријата на автомобилот,и продолжил да му се заканува.

Полициската управа во Ниш потврди дека 43-годишниот напаѓач избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и уапсен од полицијата.

Повредениот маж е хоспитализиран и чека операција. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top