Македонија

Од Бангладеш најмногу работници на македонскиот пазар за труд

На бев-страницата на Агенцијата за вработување има огласи за околу 11.000 работни места, а истовремено има повеќе од 8 пати невработени

Податоци од Агенцијата за вработување покажуваат дека меѓу странските работници што се бараат за ангажман во земјава, особено брзо расте интересот за кадар од Бангладеш.

Само за периодот од 1 јануари до 19 август 2026 година, Агенцијата за вработување издала 1.837 мислења за работници од Бангладеш. За работници од Турција се издадени 1.257 мислења, за Непал 787, за Индија 323, а за Пакистан 46.
Од Агенцијата за вработување појаснуваат дека според законски надлежности, тие проверуваат дали се исполнети условите, меѓу другото и во однос на квотата и состојбата на пазарот на труд, и издаваат мислење до Министерството за внатрешни работи во постапката за регулирање на престојот на странец по основ на работа. Дури откако ќе бидат исполнети и другите законски услови, МВР носи решение за регулиран престој по основ на работа.

Од Агенцијата за „Слободен печат“ велат дека најголем интерес за ангажирање странска работна сила има во градежништвото, преработувачката индустрија, секторот за сместување и послужување храна, како и во трговијата на големо и мало.

За работодавците, работници од Непал или од Бангладеш се решение за проблемот со недостиг на кадар. Но за македонскиот пазар на труд, трендот отвора многу поширока тема.

На бев-страницата на Агенцијата за вработување има огласи за околу 11.000 работни места, а истовремено има повеќе од 8 пати невработени.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top