Македонија

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Во политиката има моменти кога дневнополитичката калкулација мора да престане, а зборовите мора да ја имаат тежината на одговорноста. Односот кон воените злосторства, жртвите и правосилните пресуди на меѓународните судови е токму таков момент, пишува Движењето ЗНАМ во реакција.

„Движењето ЗНАМ за Наша Македонија најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување.

За нас не постојат двојни стандарди кога станува збор за почитувањето на жртвите, меѓународното право и цивилизациските вредности. Ниту еден воен злостор не може да биде оправдан и ниту еден правосилно осуден воен злосторник не може да биде претставуван како пример за почит или восхит.

Објавата е личен став на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и не може да се поистоветува со ставот на Владата, ниту со политиката на носителите на власта и одговорноста за сопственото јавно постапување и лични ставови мора да се преземе лично и институционално.

Оттука, несериозно и политички нечесно е да се тврди дека ЗНАМ „молчи“, само затоа што не сме реагирале по диктатот и во рокот што некој од опозицијата ни го одредил. ЗНАМ говори и делува врз основа на сопствени принципи.

Ако навистина сакаме сериозно да разговараме за европските вредности, демократијата, соочувањето со минатото и почитувањето на меѓународното право, тогаш да разговараме без етикетирања, без политички памфлети и без историски конструкции скроени за дневнополитичка употреба.

ЗНАМ ја осудува секоја глорификација на воени злосторства и воени злосторници.

Истовремено ЗНАМ, ја отфрла и политичката инструментализација на ова исклучително сериозно прашање со цел создавање колективна вина, етнички поделби и политички конструкции.

Венко Филипче и СДСМ од една сериозна тема создаваат цела политичка конструкција во која се обидува да ги спои партиите од власта и Движењето ЗНАМ, Србија, Александар Вучиќ, „српскиот свет“, Кина, Русија, МПЦ, кое за нас, претставува, класичен политички спин чија цел е една конкретна постапка да ја претвори во поширока конструкција за дискредитација на цела Влада и на нејзините коалициски партнери.

Истовремено, како Движење и сериозен политички субјект, нема да дозволиме самопрогласени политички толкувачи да ни објаснуваат што мислиме, во што веруваме и за што се залагаме.

Ставот на ЗНАМ е јасен, НАТО и ЕУ се иднината на Македонија!

ЗНАМ ќе продолжи да ја носи својата одговорност кон Македонија со сопствен став, јасни принципи и почит кон државноста, меѓународното право и кон сите нејзини граѓани“ – се вели во соопштението објавено од Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top