Бизнис

Снабдувањето со дизел е стабилно, рестартирање на „Окта“ – опција во рана фаза

Следи детална анализа пред одлуката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска изјави дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати, вклучувајќи го дизел-горивото, е стабилно. За идејата за рестартирање на „Окта“ и повторно производство на дизел рече дека е во рана фаза и дека засега претставува само опција.

– Тоа е нешто што е многу старо, значи од 2012, има некои дискусии, меѓутоа сега е во рана фаза, така што треба многу технички податоци, информации да добиеме. Сега за сега е како опција, меѓутоа продуктоводот функционира. Имаше состанок со трговците, рекоа дека нема никаков проблем (за набавка на дизел-гориво) – рече Божиновска на настан во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека според информациите од трговците со нафта и деривати, не треба да се очекува недостиг на дизел до крајот на годината. Во приватни разговори тие му пренеле дека не очекуваат проблеми ниту за наредната година. Со раководството на „Окта“ е разговарано за можноста за рестартирање и производство на дизел од сурова нафта, особено затоа што рафинеријата е поврзана со Солунското пристаниште преку продуктоводот. Државата, нагласи Мицкоски, останува на политиката на најниски цени на горивата заради заштита на стандардот на граѓаните.

За тоа дали е исплатливо повторно да се активира рафинеријата, која не работи од 2012 година, Божиновска рече дека е потребна сериозна анализа, бидејќи продуктоводот веќе се користи и добро функционира.

– Кога ќе се направи детална техничка анализа со сите бројки и параметри, ќе знаеме повеќе – рече Божиновска.

Во врска со кризата со дизелот во Европа, таа посочи дека двете војни од 28 февруари наваму влијаат и дека многу држави се погодени.

– Ние досега многу добро поминавме, имавме секогаш снабдување, дури и нашите соседи, на граничните премини 30 проценти имаше зголемен број на користење на горивото и сега за сега е добро. Значи, имаме и државни резерви, имаше разговор со сите нафтени трговци и уверија дека нема никаков проблем, не треба да се грижим – рече Божиновска.

Министерката додаде дека досега не се размислувало за најцрно сценарио, но дека државата ги почитува законските рокови за резерви и ги има обезбедено.

– Понатаму, секој трговец мора да има пет дена да чува резерви и секако сме во координација со „Хеленик петролеум“ и со „Окта“, кои уверуваат дека имаат сигурност во снабдувањето – рече Божиновска.

Таа уверува дека Владата ќе преземе сè што е потребно зимава за да се обезбеди сигурно снабдување со енергенти и да се избегнат ценовни шокови.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top