Македонија

Од утре стартува зимскиот возен ред на ЈСП

Од јавното претпријатие апелираат патниците навреме да го проверат распоредот на линиите што ги користат, со цел полесно планирање на патувањата

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека сите актуелни возни редови за градските и приградските линии се достапни на нивната официјална интернет-страница.

Корисниците можат директно таму да ги видат термините на поаѓање за секоја линија одделно пред стапувањето на сила на новиот распоред.

Враќањето на зимскиот возен ред традиционално се совпаѓа со почетокот на новата училишна година и крајот на годишните одмори.

Со ова завршува летниот режим на сообраќање, кој функционираше со намален број поаѓања во текот на јули и август.

Линии

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top