Македонија

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани

Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Шест пратеници од Бугарија денеска го следат рочиштето во Основниот суд во Кочани, во судскиот процес против 23-годишната Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство.

Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа што се случи во октомври минатата година. Во несреќата едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа ја отфрла вината и тврди дека несреќата не настанала по нејзина вина.

Случајот предизвика големо внимание во Бугарија, особено по одлуката на Основниот суд во Кочани да го одбие барањето на Михаилова да ѝ бидат вратени личните документи, за да може да продолжи со лекување во Бугарија.

Судот го одби барањето со образложение дека не биле доставени потребните лекарски мислења дека таквото лекување не може да се спроведе во Македонија. Апелацискиот суд во Штип на 20 август ја потврди одлуката на кочанскиот суд.

По случајот реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, кое побара Михаилова да добие навремена и соодветна медицинска грижа.

На денешното рочиште присуствуваат пратеници од ГЕРБ, Прогресивна Бугарија и „Демократска Бугарија“. Тие најавија дека внимателно ќе го следат судскиот процес и ќе ја информираат бугарската јавност за неговиот тек.

Случајот предизвика реакции и во Софија, каде што денеска беше организиран и протест пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за Михаилова.

Ива Михаилова во изминатиот период доби значително внимание од бугарските институции. Бугарското Министерство за надворешни работи двапати се огласи за случајот, а бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека прашањето ќе го отвори и на средба со генералниот секретар на Советот на Европа во Стразбур.

Најнови вести од: Македонија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.

Китановиќ се извини и го избришал постот но одбива да ,,клекне пред политички линч“

Изјавата ја завршува со цитат од Библијата: „Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и сè што ги весели.“

(Фото): Сензорна соба со специјализирана опрема отворена во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош

Подобрени услови за поддршка на учениците се обезбедени во ООУ „Петар Поп Арсов“, каде што денеска беше отворена нова сензорна соба. Просторот е наменет за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка и е опремен со различни реквизити и дидактички помагала.

To top