Свет

Колумбија извезува повеќе нелегален кокаин отколку легална сурова нафта

Нелегалниот извоз на кокаин вредел 16,5 милијарди долари во 2024 година, во споредба со 15-те милијарди долари од извозот на нафтената индустрија

 

Илегалниот извоз на кокаин за прв пат го надмина извозот на сурова нафта, станувајќи најголем поединечен извоз на Колумбија, според извештајот на Универзитетот EAFIT со седиште во Меделин, јавува агенцијата Анадолија.

Студијата проценува дека нелегалниот извоз на кокаин од Колумбија вредел 16,5 милијарди долари (14,21 милијарди евра) во 2024 година.
Ова ги надминува 15-те милијарди долари (12,92 милијарди евра) од извозот на нафтената индустрија.

Овој раст ја потврдува позицијата на Колумбија како најголем производител на кокаин во светот, одговорен за приближно 70 проценти од глобалната понуда.

Според истражувачите на EAFIT, јагленот е трет најголем извозен сектор со 7,1 милијарда долари (6,1 милијарда евра). По нив следуваат легалниот извоз на злато во вредност од 4,1 милијарда долари, или околу 3,5 милијарди евра, и нелегалното ископување злато во вредност од 3,6 милијарди долари, или околу 3,1 милијарда евра.

Трговијата со кокаин силно порасна и сега сочинува приближно 4,4 проценти од бруто-домашниот производ на Колумбија.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top