Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје, П.Б. од Скопје пријавил дека на 27.08.2026, додека патничкото возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, било во овластен сервис, од вработените бил известен дека на предно тркало бил изваден еден шраф, додека останатите три биле олабавени, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, можно е настанот да бил поврзан со заканите што ги добивал во последните две години.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.