Бизнис

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

На македонскиот пазар на трудот има голем број невработени и изразен недостиг од работна сила. Според податоците на Агенцијата за вработување, во јуни како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 лице, што е за 2.425 повеќе во однос на мај. Дополнително, регистрирани се 41.281 пасивни баратели на работа.

Најголем дел од активните баратели на работа се лица со ниско ниво на образование. Без образование или со основно образование се 51.390 лица, односно 58 отсто, додека 22.195 лица, или 25 отсто, имаат средно образование. Тоа значи дека околу 83 отсто од невработените имаат најмногу средно образование.

Од друга страна, работодавачите пријавуваат сериозна потреба од нови кадри. Според анкетата на Агенцијата за вработување, речиси 62 отсто од работодавачите очекуваат потреба од нови вработувања, а во приватниот сектор годинава се планирани 14.498 нови работни места. Гледано според големината на субјектите, најголем дел од новите позиции треба да се отворат кај средните претпријатија (38,8 отсто), по што следат малите компании со 32,2 отсто и големите деловни субјекти со 29 отсто од вкупната побарувачка.

Најмногу вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија – 5.328, потоа во трговијата со 2.342, градежништвото со 1.437 и секторот за сместување и услуги со храна со 958 нови вработувања.

Недостигот од работници се гледа и преку бројот на слободни работни места. На национално ниво има повеќе од 10.100 слободни позиции, од кои над 1.670 се во преработувачката индустрија, 1.644 во угостителството и хотелиерството, а 1.483 во трговијата. Во административните и помошните дејности има 1.411 слободни места, во градежништвото 910, а во транспортот 740.

Потребата од работна сила се надополнува и со ангажирање странски работници. Само минатата година биле обработени 10.143 барања поврзани со издавање работни дозволи за странци и мислења за нивно ангажирање. Поради зголемените потреби на компаниите, Владата на почетокот на годинава ја зголеми квотата на 10.000 работни дозволи за странци.

Податоците покажуваат дека главниот проблем на пазарот на трудот не е само бројот на невработени, туку и несовпаѓањето меѓу нивните квалификации и потребите на работодавачите.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top