Македонија

Стартуваше новиот кол-центар на ПИОМ

Кол центар достапен секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот

 

Граѓаните можат да добиваат информации преку повикувачкиот број 02/ 15 215 во новиот Кол центар на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

Граѓаните на повикувачкиот број ќе можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, како и за најнискиот износ на пензија, информираа од ПИОМ.

Информација ќе можат да добијат и за остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица), остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, но и за условите за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

„Со отворањето на новиот Кол центар се прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги даваме, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во наша надлежност“, информираат од Фондот за ПИОМ.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

На овој ден верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

To top