Македонија

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред платото пред „Т-Арена“ во Скопје

На настанот со почеток во 20 часот ќе настапат Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари

 

Во Скопје вечер ќе се одржи голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), бесплатно за публиката ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот.

Карерас и македонските музички ѕвезди ја збогатија прославата на 35 години независна Македонија

На 4 септември во главниот град ќе се одржи уште еден спектакл по повод 8 Септември – пристигнува караванот „Силно светнал ден“ кој патувањето низ Македонија ќе го заокружи на Плоштад Македонија со настап на повеќе од 120 артисти.

И овој настан, како што е најавено, ќе почне во 20 часот. „Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот почна од Охрид, на 9 август и посети 11 градови низ државата, а дел од него се познати македонски изведувачи и актери.

Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, на 8 септември со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус музика, Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.

Музичката програма со повеќе концерти за 35 години независност на државата, ја подготви Авалон-продукција во соработка со Владата. МИА

Најнови вести од: Македонија

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

To top