Македонија

Македонски хеликоптер првпат гасеше пожар надвор од Македонија

По барање од Косово, воздухоплов на МВР денеска помагаше во справувањето со огнената стихија во реонот на Елез Хан

По барање од Косово, македонски хеликоптер денеска првпат беше упатен во мисија надвор од Македонија, помагајќи во гасењето пожар во реонот на Елез Хан.

„По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

„Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно“, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top