Македонија

Некој пукал со сачмарка во пеликан во Дојран

Повреда од прострелна рана била причината поради која веќе две недели посетителите на Дојран забележуваа осамен пеликан како се движи во вода или по копно невообичаено блиску до луѓе

Птицата била погодена со сачмарка под крилото, изнемоштена и дехидрирана, така што ветеринарот Ристо Ичков од Богданци лесно го фатил и да го прегледа пеликанот во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и со локалните власти. 

„ Погоден е со сачмарка под крилото. На десната страна има паднати пердуви и поцрнето месо, што значи дека имал рана“, изјавил Ичков за МИА.

 

Дојранските рибари му обезбедиле околу 1 килограм свежи рипчиња, за птицата е обезбедено и посебно место на крајбрежјето. Таму ќе може редовно да добива риба додека закрепнува.

Пеликаните, во Дојран познати и како бабли, живеат во јата. Според информациите што ветеринарот ги добил од искусен дојрански рибар, јатата обично се враќаат кон крајот на октомври и во почетокот на ноември.

Ичков очекува простреланиот пеликан дотогаш да закрепне.

„ За еден месец ќе дојдат и неговите другари и можно е да замине со нив“, рече ветеринарот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top