Бизнис

Растот од 4,3% е четврти најголем во ЕУ, велат од Владата

Според податоците на ДЗС во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9%. Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.

Во вториот квартал имаме исклучително висока економска активност и зголемен БДП од 4,3%, што е потврда за политиките на Владата, оцени премиерот Христијан Мицкоски.  Тоа, според него, е уште една лоша вест за опозицијата која, како што рече, „повторно жали што Македонија оди напред, а не е вовлечена во нивното политичко мочуриште на лаги, клевети, измислици и конструкции“. Мицкоски порача дека државата ќе продолжи да оди напред. Не е лесно, вели тој, не се сите проблеми решени, бидејќи се наследени многу, но важно е дека работиме и се трудиме се што е наследено да го решаваме, а да не создаваме нови проблеми. Резултатите после 25-26 месеци излегуваат на површина, имаме раст на индустриско производство, стабилизирана инфлација.

Според Мицкоски, остварениот раст во првото полугодие е меѓу најсилните во Европа и е континуиран во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната е 1,2%, односно еден процент. Кога на растот од 4,3% во вториот квартал ќе се додаде и растот во првото тримесечје од 3,1%, како што посочи, дава отприлика 3,7% во првото полугодие од оваа година, што е еден од најсилните во Европа.

  • Повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам до мојот став дека ова е едно од четирите најголеми зголемувања на БДП и во првата половина на годината и во второто тримесечје во услови кога имаме за истиот квартал 2025 година 3,5% раст. Словенија има 3,8% раст во вториот квартал годинава, но 0,7% во вториот квартал 2025 година. Пред нас уште се Малта и Данска. Ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, за жал, не можат фактите да ги негираат – рече Мицкоски.

Тој додаде дека и 2024 година со раст на БДП изнесуваше 3% со што земјата беше рангирана во првата половина од земјите во Европа, во 2025 година имавме раст од 3,5%, сега во првото полугодие сме веќе со 3,7%.

  • Имаме континуиран раст во услови кога нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната имаат во целина 1,2 %, односно еден процент. Ако го погледнете растот на БДП во периодот 2006 -2008 имаме раст од 5%, но тогаш ЕУ и еврозоната растат со толкав или поголем процент, што само по себе говори за политиките на оваа Влада, што претставува уште една лоша вест за опозицијата во Македонија – рече Мицкоски.

Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9%. Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто. Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14,5 отсто како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0%.

Најнови вести од: Бизнис

Македонската економија расте за 4,3%, министерката за финансии вели дека може и повеќе

Според Димитриеска-Кочоска, повисок и одржлив економски раст не може да се постигне преку ноќ. Таа вели дека се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во економските политики.

Владата најави казни за трговците што ќе ја злоупотребат мерката „Училишна кошничка“

Мерката се спроведува трета година по ред и ќе трае до 30 септември. Со неа, трговците на големо се задолжени да ги намалат цените на опфатениот училишен прибор за најмалку 10%, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15%.

(Фото): Mакедонија ја менува позицијата на регионалната мапа

Македонија повеќе не сака да биде последната станица на енергетските маршрути на Балканот. Амбицијата е многу поголема – земјата да стане дел од коридорот што ќе ги поврзува изворите на енергија од југот со пазарите во Централна и Источна Европа. Во таа насока се движат новите гасни интерконекции со Грција и Србија, приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, но и инвестициите во електроенергетската мрежа и обновливите извори.

Отворени апликациите за Brand Export Competition – македонски бренд ќе добие можност за пласман на шведскиот пазар

Идејата е на компаниите да им се отвори простор не само да го претстават својот бренд, туку и да го стават неговиот потенцијал во меѓународен контекст и да направат конкретен чекор кон нов пазар.

To top