Бизнис

Историски рекордна цена на дизелот во Србија од денеска

Еден литар еврозидел кај северниот сосед на Македонија до 11 септември ќе се продава за 234 динари или точно две евра

Од денеска до 11 септември литар евродизел во Србија ќе чини максимум 234 динари или точно две евра, што претставува историски рекорд.

Со овој скок е надминат претходниот историски максимум од 222 динари за литар забележан во ноември 2022 година за време на тогашната глобална енергетска криза. Во споредба со тој период, дизелот сега е поскап за 12 динари или за околу 5,4 проценти.

Бензинот, пак, е точно на нивото на рекордот од јули 2022 година – 205 динари за литар.

Најновата цена на дизелот кај северниот сосед на Македонија е највисока во поранешна Југославија, а во регионот поскап дизел се продава само во Албанија, кадешто еден литар чини меѓу 2,24 и 2,37 евра.

Во Хрватска дизелот во моментов се продава за околу 1,92 евра за литар, во Црна Гора за 1,87 евра, во Босна и Херцеговина меѓу 1,63 и 1,72 евра, а во регионот најевтин е во Македонија, кадешто најмалку до понеделник ќе се продава за 95 денари или 1,54 евра за еден литар.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top