Македонија

„Таа не е сама“: Шефицата на бугарската дипломатија до мајката на Ива Михајлова

Велислава Петрова ја примила Христина Михајлова во нов обид за притисок врз македонските правосудни власти

Бугарската влада ќе вложи максимални напори за да се постигне правда во случајот на Ива Михајлова, изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова по средбата со Христина Михајлова, мајка на Ива Михајлова, околу чие судење во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат Бугарија веќе подолго време врши силен притисок на различни нивоа.

Петрова изразила институционална, но и „лична загриженост и емпатија“ за сериозната здравствена состојба на 23-годишната двојна државјанка и за „тешката ситуација во која се наоѓаат таа и нејзиното семејство“.

Министерката ја информирала Христина Михајлова за активностите што МНР ги презело досега во врска со одбивањето на македонските власти да ѝ дозволат на Ива да замине на лекување во странство. Бугарија ја обезбедува потребната поддршка за најдобра правна заштита во случајот, додала Петрова.

Шефицата на бугарската дипломатија нагласила дека Бугарија останува цврсто посветена на напорите за брзо и успешно завршување на случајот.

„Ве молам да ѝ пренесете на Ива дека не е сама и дека може да продолжи да смета на нашата поддршка во овој тежок момент за неа и за вас“, ѝ порачала Петрова на Христина Михајлова.

Случајот со Ива ескалира со неодамнешното присуство на шест бугарски пратеници на нејзиното судење и со настапите на нејзиниот татко Симеон Михајлов во бугарските медиуми, на што македонскиот премиер Христијан Мицкоски реагира со повик до соседот да го испорача бегалецот од македонската правда, осуден на 12,5 години затвор во случајот „Детонатор“.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top